Home Спорт Каратистката Јованоска деветта од десет натпреварувачки на натпреварите во кати на Олимпијадата во Токио

Каратистката Јованоска деветта од десет натпреварувачки на натпреварите во кати на Олимпијадата во Токио

Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска го освои 9 место во натпреварите во кати на Олимписките игри во Токио од вкупно 10 натпреварувачки.

На овој собир на најдобрите спортисти во светот на каратето за прв пат е во олимписката програма, а Јовановска испиша историја со својот настап, како прва каратистка од Македонија што нè претставува во овој спорт.

Јовановска во двете кати во својата квалификациска група А освои 23,8 и 24 поени, што не беше доволно да биде помеѓу најдобрите три и да се квалификува во финалето. Да потсетиме прилепчанката настапи во Токио со вајлд-карта.

Таа по борбата им се заблагодари на сите кои беа дел од нејзиниот пат до Олимпијадата и ја поддржувале во тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…