Каратистите на Макпетрол на турнир во Салзбург


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Каратистите на „Макпетрол“ , заминуваат за Салзбург, Австрија каде што следниов викенд ќе земат учество на силниот турнир од Светската 1 премиер карате лига, А-серија.

Ова е претпоследниот турнир во организација на ВКФ, (Светската карате федерација), за оваа година. Последниот турнир од А серија, од Светската карате лига, ќе се одржи во Јапонија на Окинава.

Макпетрол во Салзбург ќе настапи со пет каратисти-ки:
1. Сара Радичевска, категорија -50 кг,пријавени се 65 спортистки
2. Симона Заборска, категорија -55 кг, пријавени се 97 спортистки
3. Наташа Стефановска, категорија -61 кг, пријавени се 107 спортистки
4. Моника Стефановска, категорија -68 кг, пријавени се 76 спортистки
5. Петар Заборски, категорија -75 кг, пријавени се 170 спортисти.

Тренерот на Макпетрол и Селекторот на Македонската универзитетска карате репрезентација Бошко Заборски изјави:

„Ние како клуб ја подигаме формата и очекуваме дека во Австрија, ќе прикажеме добри борби. Во моментов конкурираме со добри пласмани на светската ранг листа за добивање на стипендија од МОК, со вкупно 4 –ри каратистки, кои се најдобро рангирани на светската ранг листа“.

Генерално најдобро рангирани Македонски каратисти на Светската ранг листа на ВКФ (Светска карате федерација), во моментот во машка и женска конкуренција се : Берат Јакупи во машка конкуренција е 18 место, и Симона Заборска на 25 позиција.

Како податок за масовноста на неколку најдобро рангирани држави во карате спортот е следен : Најбројни во Австрија ќе бидат спортистите од Италија 153, Франција 100, Германија 55, Полска 50, Шпанија 40, Јапонија 37, Швајцарија 37. Америка 25 спортисти
Од Балканските држави најбројни се: Турција 48, Србија 43, Хрватска 41, Б и Х 33, Грција 26, Македонија 24, Црна Гора 17, Косово 13, Бугарија 6 , Албанија 1 спортисти.