Карате Кид и неговиот најголем ривал – 34 години подоцна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Изминаа 35 години од излегувањето на првиот „Karate Kid“. Многумина обожаватели на оваа филмска франшиза беа скептични кога YouTube реши да го оживее овој филмски концепт како ТВ серија, но крајниот резултат ретко кој го остави рамнодушен.

Cobra Kai прикажува што се случува со главните јунаци од овој инспиративен филм 34 години подоцна, а во главните улоги се вратија Ралф Макио (Даниел Ларусо) и Вилијам Забка (Џони Лоренс).

Пред една недела, на 24 април, излезе втората сезона од оваа серија, а реакциите на публиката се повеќе од позитивни. Но, она што серијата ја прави одлична (оценка 8,9 на IMDB) не е само носталгијата, со оглед на тоа дека и младата постава е еднакво интересна и допадлива како и старата екипа.

Во суштина, во рамки на ерата на бескрајни „оживувања“ на постари филмски хитови, Cobra Kai е ретка серија која се спротивставува на носталгијата и нуди мрачна реалност во која не успеваме да ги надживееме своите врвови од минатото или да се ослободиме од старите трауми.

Да не ги расипуваме забавата и неизвесноста, ќе кажеме само дека заднинската приказна на главните ликови навистина може да ве изненади. Првите две епизоди од втората сезона бесплатно можат да се гледаат на YouTube, додека останатите се достапни само во нивната премиум услуга.