Каракачанов продолжува „да се сили“: И да има притисок од САД, тоа нема да го промени нашиот став за Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерот за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов, изјави дека не очекува притисок со промената на раководството во САД, поточно, не очекува дека некој ќе ја притисне Бугарија за да го смени ставот за Македонија.

„Притисок не очекувам и тоа е втората голема наивност на политичарите во Скопје дека со промената на раководството во САД, некој ќе ја притисне Бугарија и Бугарија ќе потклекне и ќе ги спушти гаќите.

Го користам вашиот етер за повторно да им кажам. Немојте да се надевате на тоа, како што вели бугарскиот народ на двете страни на границата, од оваа страна на Осогово и од другата. Завршете си ја работата, спроведувајте го договорот за пријателство и добрососедство и работите ќе тргнат. Прекинете да ги воспитувате младите луѓе на говорот на омраза кон Бугарите, бидејќи ние сме еден народ и едната страна ги воспитува на омраза кон другата, тоа е целосно бесмислено, непродуктивно и нема да ги води кон ЕУ“, вели Каракачанов во изјава за бугарската ТВ Нова.