Актуелно

Каракачанов пак се закани со вето: Едно зборувате во Софија, друго во Брисел, трето во Скопје

Потпретседателот на бугарската Влада и министер за одбрана Красимир Каракачанов реагира на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека Македонците и македонскиот јазик ќе бидат признати како посебни со влезот на Македонија во Европска унија и повторно се закани дека ќе го стопира приемот на Македонија во НАТО и ЕУ, ако не продолжи според него „процесот на воведување на бугарско самосознание во Македонија“.

„Не верувам дека сегашните политичари се разликуваат по нешто од старите. Се надевам дека ќе имаат повеќе разум и ако си мислат дека со старите финти – прво да зборуваат едно во Софија, едно во Брисел, а друго во Скопје и да си мислат дека финтата ќе им помине – тоа нема да се случи. Ако си мислат дека Бугарија ќе ги поддржи утре за членство во НАТО и во ЕУ и тие да си ги прават старите финти, тоа исто така нема да се случи. Процесот на воведување на бугарско самосознание во Македонија е неповратен. Нашата цел е да ја натераме македонската Влада да се однесува според европските норми и правила и да ги почитува“, изјави Каракачанов.

Извор: Експрес/Таратур

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top