Каракачанов објави имиња од македонски политичари за кои тврди дека се изјасниле како Бугари и имаат бугарски пасоши – Милошоски, Николовски, Пандов и други меѓу нив


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во најновата објава на Фејсбук која ја пласираше бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, стојат објавени имиња на повеќе активни и истурени македонски политичари, како и активни аналитичари на актуелните политички случувања, за кои тој тврди дека се декларирале како Бугари, со што се стекнале на право за бугарско државјанство и имаат бугарски пасоши. Меѓу нив стојат имињата на Антонио Милошоски, Александар Николовски, Александар Пандов, Петар Богојевски и други.

Над 120.000 граѓани на Република Северна Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни избори. Избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги рекламира, физички и преку Интернет, сите оние кои имаат право на глас – живеат на нејзина територија. Деновиве ги ископав веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Македонија, кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари, стои во објавата на Каракачанов. Потоа следи списокот со имињата, кои Каракачанов ги повикува да гласаат на изборите во Бугарија бидејќи имаат право на тоа, како и останатите 120.000 Македонци со бугарски пасоши, додавајќи дека им следува и правото на бесплатна вакцинација против КОВИД-19.

„Сред случайните имена, на които попаднах са например:
Александар Николоски – записан в район Средец – София,
Антонио Милошоски – записан в район Възраждане – София,
Никола Мицевски – в Кюстендил,
Стефан Андоновски – Кюстендил,
Мария Андоновска – Благоевград,
Люпчо Димовски – Кюстендил,
Боян Стояновски – Благоевград,
Иван Йорданов – Кюстендил,
Игор Здравковски – Кюстендил,
Мария Петрушевска – Средец,
Даянчо Ефтимов – Благоевград,
Здравко Траянов – Благоевград,
Александар Пандов – Средец,
Петар Богойески – Оборище,
Филип Петровски – Средец,
Стевица Янева – Петрич,
Тало Груевски – Благоевград.“