Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од последните објави на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов предизвика бура од реакции и револт во српската јавност и медиуми.
Бугарите сакаат да окупираат делови од Србија! Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов објави скандалозна карта – полагаат право на Ниш и Врање! – со овие наслови српскиот весник Новости ја објави веста дека Каракачано објави карта на т.н. голема Бугарија во чиј склоп влегуваат цела Северна Македонија, делови од Грција и од Србија. Станува збор за неотсонуван сон на Софија за голема Бугарија која постоела само кратко време кога биле извршени ѕверства врз населението, заклучува весникот.
Српскиот весник во своето онлајн издание пишува: „Заменик премиерот на Бугарија Красимир Каракачанов со скандалозна честитка за 8 март предизвика бес во регионот и уште еднаш ги обзнани иредентистичките тенденции на партијата на која ѝ припаѓа – ВМРО-БНД.
Во заднината од честитката која ја објави во име на својата партија ВМРО-БНД, покрај стилизираната фигура на жена со дете и зборовите ‘традиција, семејство, вредности’, јасно се гледа и картата на голема Бугарија.
Според таа карта, во склоп на Бугарија се наоѓаат цела Република Северна Македонија, делови од Грција, но и српски градови како Ниш и Врање“.
„Новости“ пишува дека тој концепт датира од 19. век, но и дека се работи за неотсонуван сон на Софија, со исклучок на кратки периоди во времето на Првата и Втората светска војна.
Весникот потсетува дека во тие куси периоди на окупираните територии биле извршени ѕверства со крајна цел бугаризација на населението.
„Новости“ заклучува дека Каракачанов е познат по шовинистичките настапи и изјави и дека минатиот месец Србија ја нарече „окупатор на Македонија“ и дека изразил незадоволство поради „спрското културно влијание во Северна Македонија“.