Караџиќ осуден на доживотен затвор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ доби доживотна затворска казна за геноцид и воени злосторства. Ова значи зголемување на неговата претходна казна затвор од 40 години.

Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето.

Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на правилата и обичаите на војувањето, по што неговите адвокати поднесоа жалба и побараа второстепена постапка, односно ослободителна пресуда или повторно судење.

Жалбениот совет ги одби сите барања.

Пресудата за геноцид и воени злосторства првенствено се однесуваше на масакрот на повеќе од 8.000 мажи во Сребреница во 1995 година. Во второстепената пресуда, исто така беше отфрлено негирањето на Караџиќ дека имал злосторничка намера за заеднички злосторнички постапки за случајот со повеќегодишно тероризирање на Сараево и за киднапирање на припадници на Обединети нации.