Кара Делевињ си ќари нова девојка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фотките од папараците ги потврдија неколкумесечните шпекулации дека славната манекенка Кара Делевињ е во врска со глумицата Ешли Бенсон.

26-годишната убавица и бивш ангел на Victoria’s Secret и 28-годишната ѕвезда на ТВ серијата „Pretty Little Liars“ беа уловени како си разменуваат страствени бакнежи на аеродромот Хитроу во Лондон.

За прв пат заедно беа забележани во април во Њујорк, откако Кара ја раскина краткотрајната врска со ќерката на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, Парис Џексон.

Претходно, Кара беше во врска со музичарката Ени Кларк, позната како St. Vincent како и со глумицата Мишел Родригез. Ешли пак беше во долготрајна врска продуцентот Рајан Гуд.