Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Меган Маркл наскоро и официјално ќе стане принцеза и дел од кралското британско семејство, откако и формално ќе стапи во брак со принцот Хари. За таа цел, пред чинот на брачен завет, таа ќе направи една капитална промена во својот живот.
Меган Маркл ќе направи промена во својата религиска припадност и ќе ја смени нејзината досегашна католичка вероисповест. Досега таа беше католик, а нејзиниот сопруг од првиот брак е јудеист.
Сега таа е подготвена да влезе доброволно под закрилата на Англиската црква поради својот иден споруг. Маркл и Хари ќе се венчаат на 19 мај во капелата „Сент Џорџ“ во замокот „Виндзор“.
Британскиот принц Хари и свршеницата Меган Маркл поканија повеќе од 2.600 ггости на нивната свадба. Меѓу гостите во замокот ќе бидат луѓе кои работат во добротворни организации, ученици и граѓани. Тие ќе го проследат доаѓањето на невестата и младоженецот на церемонијата. Идејата е луѓето исто така да се почувствуваат дел од прославата.
Маркл има намера да стане британски државјанин, но ќе го задржи американското државјанство, додека не добие британско.
Готската капела „Сент Џорџ“ се наоѓа во дворецот „Виндзор“ – семејниот дом на британските кралеви и кралици од близу 1000 години. Во параклисот се гробовите на десетмина монарси, вклучувајќи на Хенри Осми и третата сопруга Џејн Симур, и на Чарлс Први.