Капитенот на Дортмунд сака да се врати во Милан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека агентите на капитенот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос му предложиле на Милан да го врати дефанзивецот во своите редови.

Договорот на Сократис со Борусија Дортмунд истекува во јуни 2019 година, но грчкиот репрезентативец сака да ја промени средината ова лето.

Негов приоритет е да се врати во Италија и сака тоа да биде неговиот поранешен клуб Милан. Сократис играше за „росонерите“ во сезоната 2010/11, но не можеше да се избори за првотимски статус покрај Алесандро Неста и Тиаго Силва.

Сега се чека одговор на Милан, а се претпоставува дека Борусија за неговиот потпис ќе бара 15 милиони евра, бидејќи Сократис влегува во последната година од договорот.

За него интерес покажува и Јувентус, а „росонерите“ не се многу заинтересирани бидејќи веќе имаат одличен тандем во Бонучи – Ромањоли.