Капиталните инвестиции на колена во првиот квартал од 2018


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Освен во нискоградбата, каде има пад, во сите други економски сектори, во споредба со истиот лански период, има раст во првиот квартал од годинава.

Според анализата изготвена од владиниот економски тим, Владата очекува намалувањето во нискоградбата да достигне 35 до 40 проценти, а тоа се должи на намалената активност на некои од компаниите како „Синохидро“ и „Трансмет“.
Вицепремиерот Анѓушев потврди дека капиталните инвестиции потфрлиле на почетокот на годината.

„Во реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал е ниско. Тоа е резулатат на тоа што во тие инвестиции во проектите е влезено со неподготвени проекти, и сега е големо прашањето дали сакате да продолжите така и да добиете нов Кичево – Охрид и да добиете нови дубиози  или сакате да ги решите смирено онака како што налагаат нормите и прописи“ – изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Но вицепремиерот без прецизен одговор дали ќе има промена во економскиот раст кој за годинава е проектиран на 3,2 отсто. Колкав ќе биде растот, вели Анѓушев ќе покажат официјалните статистички податоци. Владата не даде прецизен одговор и дали ќе прави ребаланс на буџетот.

Министерот за финансии Тевдовски вели дека во моментот се прави притисок на сите институции да направат реализација на проектите.

„Да, правиме притисок на сите институции да направат резализација, впрочем околу реализацијата, ние во последниот квартал од минатата година успеавме со таков притисок да реализираме такво ниво на капитални инвестиции“ – рече министерот Тевдовски.

За Владата добар показател е тоа што во првиот квартал од годината за 5 отсто се зголемени парите кои се во оптег. Зголемување од 4,6 отсто има кај вкупните приходи во буџетот, даноците пораснале за 7,2 проценти, а придонесите за шест отсто.