Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Министерството за внатрешни работи започна кадровската промени на раководни позиции. Вчера биле донесени одлуки за разрешување на неколку претходни, и за именување на нови раководители на повеќе управи.
Нови началници од понeделник ќе добијат и единиците за специјални задачи (ЕСЗ) и за брзо распоредување (ЕБР), а ќе следат смени и во СВР Скопје, Куманово, Велес, Битола, Штип, Струмица.., велат од МВР, јавува Дојче веле.
Сашо Трајковски е новиот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кој доаѓа на местото на досегашниот Горан Грујовски. На раководната позиција доаѓа од истата професионална средина, каде работел како инженер. Ќе седне на жешко столче во безбедносниот ресор, кој во претстојниот период треба да ги спроведе најобемните реформи и во однос на надлежностите, и во однос на надзорот и контролата врз неговата работа.
Разрешена од раководната функција е и Анета Станчевска, помошник-министерка за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР. На таа раководна позиција сега е назначен Дејан Андонов, кој долги години работел во Секторот за внатрешна конрола, но потоа бил „прекомандуван“ во гранична полиција.
Од началник на крим-полицијата е сменет Марјан Наковски, а на таа позиција е назначен Марјан Коцев, советник во кабинетот на министерот Оливер Спасовски.