Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жестокиот старт на Серхио Рамос врз Лионел Меси во „Ел Класико“ и понатаму е главна тема во Шпанија.
Стартот на Серхио Рамос и директниот црвен картон, предизвика полемики во шпанската јавност. Најголем дел од нив сметаат дека Меси во последен момент избегнал тешка повреда, додека Рамос изјави дека стартот не бил воопшто опасен.
Откако, капитенот на Реал доби директен црвен картон од судијата Хернандез, Рамос долго протестираше, а влезе и во расправија со неколку играчи на Барселона.
По повод стартот се огласи и човекот кој му беше тренер на Серхио Рамос во сезоната 2006/2007, легендарниот Италијанец Фабио Капело.
Капело мисли дека играчите на Реал имале намера да го повредат Аргентинецот, а стартот на Рамос го нарече „криминал“.