Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со капацитет од 12.500 велосипеди кои можат да се сместат во неа, во холандскиот град Утрехт беше пуштена во функција најголемата велосипедска гаража на светот. Истата е лоцирана под централната железничка станица во Утрехт.
Гаражата има капацитет од 12 500 велосипеди. Холандија , со население од 17 милиони има дури 23 милиони велосипеди и во просек секој жител на оваа земја на велосипед минува 18 минути дневно.
Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во светот, па не зачудува што токму таму е изградена најголемата гаража.
Пред две години бил отворен првиот дел од паркингот со капацитет од 7 500 велосипеди, а сега е целосно завршен големиот проект. Паркингот е на три ката и работи 24 часа.