Капа од Хитлер и неговата книга растурија на аукција – еве која цена ја достигнаа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Елегантната капа со негови иницијали (фото горе) која ја носел нацистичкиот лидер Адолф Хитлер на аукциска продажба беше продадена за 50.000 евра. На истото наддавање, фустанот на неговата вереница Ева Браун достигна цена од 4.600 евра.

Тое се само два од вкупно 842 предмети од национал-социјалистичката ера, кои беа понудени на контроверзната аукција за која во Германија многу се дискутира деновиве.

На аукцијата во близина на Минхен, аукциската куќа „Херман“ понуди на продажба 842 предмети од тоа време, вклучувајќи ја и шапката на Адолф Хитлер, луксузно издание на неговата книга „Маин Кампф“, обложена со сребро, во сопственост на Херман Геринг, фустанот на доживотната партнерка на Хитлер, Ева Браун и мечот на озлогласениот СС офицер, Фриц Клингенберг, пишува Дојче веле.

Примерокот од „Мајн Кампф“

Аукцијата беше проследена со остри критики. Европската еврејска асоцијација (ЕЈА) се спротивстави на одржувањето на аукцијата. Во време кога насилството од десничарски и антисемитски организации е во посдем, аукцијата создава можност да се „слават нацистите“, рече рабинот Менахем Марголин, претседател на ЕЈА.

„Погрешно е да се претворат тие предмети што се натопени со крв, во пари, особено во Германија”, рече рабинот, додавајќи: „Јас разбирам дека не е нелегално да се купуваат и продаваат нацистичките спомени. Овде не станува збор за закон, туку за морал”.

Фустанот од Ева Браун

Како што покажа аукцијата во Минхен, луѓето се подготвени да платат многу пари за предметот што го сакаат. Шапката на Хитлер се продаде за 50.000 евра, луксузната книга „Маин Кампф“ за неочекувани 130.000 евра (двојно повеќе од почетната цена), фустанот на Ева Браун за 4.600 евра, писмо на Хитлер до неговиот пријател од младоста, Август Кубицек, за 80.000 евра.