Канскиот филмски фестивал одложен поради епидемијата на коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од страна на организаторите на светски познатиот Филмски фестивал во Кан беше донесена конечна одлука фестивалот оваа година да не се одржи во предвидениот термин од 12 до 23 мај.

Во моментот се разгледуваат неколку опции, а најверојатно е фестивалот да се одржи кон крајот на јуни или на почетокот на јули.

„Во меѓувреме, Фестивалот во Кан им дава силна поддршка на сите кои ги повикуваат сите да го почитуваат генералниот карантин и кои што бараат да покажеме солидарност во овие тешки времиња за целиот свет“, се вели во известувањето од филмскиот фестивал.

Канскиот фестивал стана еден од многуте настани во светот на музиката и филмот кои се одложени заради коронавирусот. Поради пандемијата, нема оваа година да се одржи и Евросонг.