Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Престижното списание Forbes го додаде името на раперот и дизајнер Канје Вест како нов член на елитната група на милијардери.
Вест стана милијардер, благодарение на кошаркарските патики со неговото име што сопругот на најпопуларната американска старлета Ким Кардашијан ги развил во соработка со спортскиот бренд Adidas.
Познатиот рапер и продуцент долги годни соработуваше со Nike, но нивната соработка беше прекината во 2013 година кога Канје реши да го позајми своето име на Adidas, Во 2015 година Канје и Adidas ги лансираа првите патики заедно. Овој потег само пет години подоцна се покажува како извонреден за Канје, кој сега токму поради него влегува во елитното друштво на светски милијардери.
Еден пар на најновите патики со потпис на Канје Вест во САД чини 200 долари.
Форбс исто така изјави дека Канје Вест со години го притискала списанието за да се наведе како еден од мега богатите луѓе на нивниот список, но тие не сакале да го сторат тоа заради недостаток на докази.
На листата на милијардери на Forbes е и сопругата на Канје, Ким со богатство од 1,3милијарди долари.