Канје Вест повторно избркан од Твитер


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Твитер повторно го исклучи профилот на американскиот рапер Канје Вест поради кршење на правилата на платформата за социјалните медиуми.

-Дадов се од себе. И покрај тоа, тој повторно го прекрши нашето правило против поттикнување насилство. Налогот ќе биде суспендиран, изјави сопственикот на Твитер, Илон Маск.

Пред да го суспендира профилот на Вест, Твитер го ограничи и бројот на неговите објави.

Во октомври популарниот рапер, кој законски го смени своето име во Је, начелно се согласи да ја купи социјалната мрежа Парлер, само неколку дена откако Твитер и Инстаграм му го суспендираа профилот поради неговите антисемитски коментари на социјалните мрежи.

Сепак, двете страни се согласија да го прекинат купувањето.