Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славниот американски рапер Канје Вест, слично како што тоа претходно го направи неговата сопруга, Ким Кардашијан, се спрема да заплови во козметичките бизнис води со лансирање сопствен бренд за убавина во иднина.
43-годишниот музичар и моден дизајнер, кој ја промовираше својата прва колекција „Yeezy” во 2015 година, се чини дека сака да ја прошири својата модна империја со најразлични производи на убавина, според Заводот за патенти.
Од козметика како кармин, коректор и маскара, па се до нега на кожата, како лосион, тонер, маски за лице и ексфолијанти. Исто така, линијата би вклучувала и парфеми , производи за бања и тело и нега на коса, како што се шампон, балсам, гел и боја.
Вест е опкружен со семејство на успешни могули за убавина – сопругата Ким Кардашијан Вест изјави дека нејзината продажба на KKW Beauty и KKW Fragrance „двојно се зголеми за една година“, а и сестра ѝ Кајли Џенер е успешна на ова поле откако продаде 51% од акциите на нејзините брендови Kylie Cosmetics and Kylie Skin на конгломератот за убавина Coty за 600 милиони долари во ноември 2019 година.
Претходно оваа година, Форбс го стави на листата на милијардери – неговата модна линија, музички бренд и и недвижен имот се проценети на 1,3 милијарди долари.
Во годишното рангирање на највисоко платените славни лица во светот на списанието објавено во јуни, Форбс го наведе Вест како втор на листата (веднаш зад снаата Кајли) со заработка од 170 милиони долари, од кои голем дел благодарејќи на соработката на линијата на патики на „Yeezy” со Адидас.