Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кандидатката за Мис Италија, Алесија Спањуло, доби еден куп негативни коментари, па дури и закани со смрт на социјалните мрежи, откако пред судиите од изборот за убавина се појави во бикини со својата ќерка Кло.
Алесија после тоа изјави дека се гордее што ќе биде првата натпреварувачка со бебе на избор за убавина, но „троловите“ се нафрлија врз неа. Еден од нив порача дека поради тоа „заслужува да умре“, а друга личност дека нејзиното внимание со бебето го нарече „неприродно“.
24-годишната убавица изјави дека таквите коментари многу ја погодиле. „Никогаш досега не сум доживеала вакво насилство, но одбивам да одговорам. Добив два килограми откако се породив, но тие ми беа најубавите два килограми кои било кога сум ги добила. Мојата порака до сите мајки е дека соништата можат да се остварат дури и ако имате дете и илјадници обврски кои доаѓаат со него“, порача Алесија.
Таа својата ќерка ја носела со себе на прелиминарното натпреварување затоа што, наводно, немала кому да ја остави на чување. Нејзиниот партнер работи во фабрика за хартија, а нејзината мајка е медицинска сестра. Другите кандидатки, наводно, се понудиле да го почуваат детето додека таа е пред судиите, но Алесија културно ги одбила љубезните понуди.
На крајот, таа заедно со уште 17 девојки, влезе во второт натпреварувачки круг.