Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според жребот кој го направи Државната изборна комисија, претседателскиот кандидат на Алијансата на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река, го доби редниот број 1 на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори. ДИК ги предупреди кандидатите да не избрзуваат со кампањата, пренесува Дојче Веле.
По Река, на гласачкото ливче ќе се најде името на единствената дама во друштвото- кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, а кандидатот на СДСМ и владејачката коалиција Стево Пендаровски ќе ја трча претседателската трка под реден број 3.
По жрепката, од Државната изборна комисија им порачаа на кандидатите да ги почитуваат законските одредби и да водат коректна, чиста и европска кампања.
Двајца од кандидатите, Силјановска и Пендаровски веќе се активни, како на социјалните мрежи, така и со активности меѓу граѓаните. Членот на ДИК, Борис Кондарко им порача дека треба да се почитува член 69 од Изборниот законик кој дефинира што значи предвремено започната кампања.
„За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.“
Кандидатите ќе ги здржат истите редни броеви и во вториот круг на претседателските избори.