Канчевска во прегратки: Не запираат објавите на нови видео материјали од Собранието


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Љупчо Димовски на својот фејсбук профил објави скандалзно видео на кое се гледа како по влегувањето на толпата во Собранието, дел од маскираните лица се гушкаат и поздравуваат со Илија Димовски, Елизабета Канчевска Милевска и други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Даниела Рангелова воодушевено ракоплеска, пренесува Фокус.

Од видеото се гледа дека околу пратениниците и масата луѓе има специјалци кои не реагираат и не преземаат ништо за да го заштитат законодавниот дом. Видеото е во форма на спот илустриран со музика.