Home Шоубизнис Канал 5 ексклузивно пренесува: Боки 13 задржан на интензивна во „8-ми Септември“

Канал 5 ексклузивно пренесува: Боки 13 задржан на интензивна во „8-ми Септември“

Првообвинетиот во случајот „Рекет” во врска со аферата за земање милионско мито за режирање судски процеси, Бојан Јовановски од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава и пренесува Канал 5.

Боки 13 ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.

Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ „8-ми Септември“ ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски, но каква е неговата мометална здравствена состобја не е познато.

Извори од затворот за Канал 5 велат дека Боки 13 постојано се жалел дека има проблеми со здравјето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…