Канадскиот сенат ја легализираше рекреативната употреба на марихуаната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сенатот на Канада го усвои законот со кој се легализира рекреативното корстење на канабисот.

Законот за канабисот беше поддржан со 52 гласа за, додека пак 29 гласаа против. Канаѓаните од октомври ќе можат слободно да купуваат и конзумираат канабис.

Со овој чекор, Канада стана првата држава членка на Г7 која ја легализира рекрееативната употреба на канабисот, нешто што беше дел и од предизборните ветувања на канадскиот премиер Џастин Трудо.