Канадскиот премиер Трудо се вакцинираше против КОВИД-19 со вакцина од „АстраЗенека“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Канадскиот премиер Џастин Трудо ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот. Трудо се вакцинираше со Астра Зенека во една аптека во Отава.

– Многу сум возбуден, изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата.

Заедно со Трудо се имунизираше и неговата сопруга Софи, која беше заразена со Ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година.