Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џастин Трудо е првиот премиер кој позирал за насловна страна на меѓународното ЛГБТИ списание. Трудо беше претставен на насловната страна од списанието Attitude, најпродаваниот геј магазин во Велика Британија.
Ова не е прв пат Трудо јавно да ја поддржува ЛГБТИ заедницата. Неколку пати тој има учествувано на „парадите на гордоста“, а на канадската верзија на таа парада, одржана минатото лето, маршираше заедно со премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој се има изјаснето како хомосексуалец.
WORLD EXCLUSIVE! Canadian Prime Minister @JustinTrudeau makes history on the cover of Attitude’s January issue: https://t.co/7Nk7NASrrJ ? pic.twitter.com/ns47oh6Ih7
— Attitude (@AttitudeMag) December 8, 2017
За јануарскиот број на Attitude, Трудо говореше за тоа колку е важно да се почитуваат сит човекови права.
„ЛГБТ+ заедницата стана симбол на борбата за човекови права. Фактот дека толку многу луѓе се срамат или ги кријат своите идентитети за да се вклопат во општеството е лекција за сите кои се против ЛГБТ заедницата“, вели Трудо.
Иако во борбата за ЛГБТ правата е постигнат значаен прогрес, Трудо нагласува дека во иднина треба уште многу да се работи на тоа поле.
„Секој пат кога некој ќе ме праша зошто сметам дека е важно да се маршира на парадата на гордоста, велам дека причината за тоа е бидејќи уште многу треба да се направи во тој поглед. Склони сме кон предрасуди, привилегиите кои некои луѓе ги немаат ги земаме здраво за готово, а доста важно е да се бориме за еднакви права на сите“, вели премиерот.