Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со високи приходи по глава на жител, Канада е една од најбогатите земји. Бруто националиот приход по глава на жител во Канада изнесува 29.500 евра, а просечниот животен век е 81,5 години. Земјата со околу 35,5 милиони жители е втора држава во светот по резервите на нафта. Исто така, Канада е еден од најголемите светски произведувачи на житарици во светот. Официјални јазици се англиски и француски.
Веројатно повеќето од вас ги интересеира кои професии се најбарани и колкави се платите. Најдобро се платени работниците кои се вработени во нафтената индустрија, медицинарите, како и луѓето кои работат работи поврзани за телекомуникациите. Од друга страна, најслабо платени се работниците кои работат во продавниците за малопродажба.
Пилотите и нафташите најплатени
Просечната плата во Канада се движи помеѓу 3000 и 3700 евра на месечно ниво. Најниска плата имаат куќните помошнички и честачки и тоа околу 1600 евра.
Луѓето кои работат во областа на сообраќајот месечно заработуваат околу 2.200 евра, а за околу 100 евра повеќе од нив имаат оние кои се занимаваат со услужни дејности. Графичките дизајнери заработуваат околу 2600 евра месечно, а правниците околу 2750 евра.
Во областа на здравството просечна месечна плата е 3.400 евра. Секако тука се работи за просек во кој се вклучени и лекарите, техничари, медицински сестри и останат персонал. Сепак, ако работите како забар годишно може да заработите од 85.000 до околу 130.000 евра.
Лицата кои се занимаваат со издавање и продажба на недвижнини заработуваат околу 3.600 евра месечно, како и сметководителите. Околу 4.000 евра е просечната месечна плата во областа на осигурувањето, а 4.400 евра заработуваат инжинерите и банкарите.
Во авионската индустрија просечна месечна заработка е 4.800 евра. Ако сте пилот, на годишно ниво може да заработите од 50.000 до 65.000 евра.
Стапката на ДДВ е 5 отсто
Од 10 канадски провинции во моментов најмногу работа има во Алберта. Таму се откриени големи резерви на нафта, така што побарувачката за работници е огромна.
Алберта е исто така позната како голема житница, но и како подрачје со изразено застапено сточарство.
Во оваа провинција се бараат голем број на работници, од работни места на самата експлоатација на нафта, занимања како заварувачи, како и голем број на возачи на камиони. Просечна плата во нафтената индустрија во оваа провинција изнесува 90.000 евра годишно.