Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кога ќе се спомне категоријата „најопасни животни на светот“, ретко на кого му паѓа на ум дека во тој попис, освен ајкула, може да се вброи и некоја друга риба. Но, тоа со факти го побива таканаречената „камена риба“.
„Камената риба“ (Synanceia) е најтоксичната позната риба на светот и најчесто ја има во Индо-Пацификот. Се крие во гребени и може да остане целосно неподвижна со часови, а нејзиниот плен го напаѓа кога доволно ќе се приближи.
Контактот со неа е многу опасен затоа што може да се случи да се згази на неа и на грбот има отровни боцки што се активираат при напад. Поради својата одлична способност за маскирање, пливачите ретко ја забележуваат пред да ја згазат, а убодот од нејзините боцки е многу болен и потенцијално смртоносен бидејќи количината на отров што го ослободува е пропорционална со притисокот што се извршува врз неа. Колку е потешко нагазена, толку повеќе отров ќе ослободи.
Единствениот лек е што поскоро да се дојде до противотров, што е дури втор најбаран во Австралија. Од оваа риба нема спас ниту надвор од водата , зашто може да се нагази и на плажа бидејќи може да преживее и до 24 часа надвор од водата.
Меѓутоа, освен големата болка, убодот се манифестира о со други многу непријатни симптоми, како што се болки во стомакот, гадење, повраќање, несвестица, парализа и на крајот срцев удар.