Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многу мажи повеќе се грижат за својот автомобил, отколку за сопственото тело и здравје, па на лекар одат дури откако некој дел ќе откаже, што понекогаш е предоцна. А, здравствените контроли и превентивните прегледи се фактори кои придонесуваат да се продолжи квалитетот и животниот век. Меѓутоа, грижата за машкото здравје не е грижа само на поединецот.
За да се подигне нивото на свесност кај машката популација за континуирана грижа за сопственото здравје, во Македонија во тек е кампањата #здравамашкост. Преку примери и отворена дискусија, кампањата придонесува за разбивање на стереотипите, охрабрувајќи ги мажите повеќе да се грижат за своето здравје и да побараат помош доколку се соочуваат со некакви проблеми.
„Секој поединец или група која сака да даде свој придонес во кампањата и со тоа да влијае на менување на општествената свест е добредојден. Најголемата поддршка ја добивме од фармацевтската компанија „Алвоген“ од Гевгелија, која ја препозна идејата како општествена одговорност за подигање на свесноста за здравата машкост. Луѓето даваат поддршка преку социјалните медиуми, но сè уште ретко зборуваат отворено за проблемите, посебно за оние поврзани со нивната сексуалност. Тоа ќе мора да се промени“, велат организаторите на кампањата.
Препознавајќи ја важноста на оваа тема, и членовите на групата Скопско ноќно трчање дадоа поддршка во реализација на кампањата. Како што велат, тие трчаат рекреативно, но многупати тоа го прават за да свртат внимание за некој проблем. Овој пат, во маици на кои е испишано: „Чувај си ја машката моќ, здравјето и силата, од секакви повреди и нарушувања. На нозе!” тие трчаа на кејот на Вардар во Скопје.
Здравата храна, спортот и контролата на тежината, како и користењето додатоци во исхраната на природна основа, се успешниот рецепт кој може позитивно да влијае врз крвниот притисок, срцето, дебелото црево, скелетот, мобилноста, ендокрините активности, сексуалноста… Експертите велат дека за доброто здравје е потребна 30-минутна физичка активност и тоа барем петпати неделно.