Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Германскиот производител на тешки товарни возила Дајмлер Трак Холдинг (Daimler Truck Holding) и јапонскиот автомобилски гигант Тојото (Toyota) потпишаа необврзувачки меморандум за разбирање за спојување на нивните оддели за камиони.
Mitsubishi Fuso Truck and Bus Corp (MFTBC) – кој е во мнозинска сопственост на Дајмлер – и одделот за камиони на Тојота, Hino Motors truck ќе бидат здружени под холдинг компанија, а акциите ќе бидат котирани на Токиската берза.
Новата компанија ќе има пристап до технологијата за тешки камиони на Дајмлер.
Страните предвидуваат потпишување на дефинитивни договори во првиот квартал на 2024 година и затворање на трансакцијата до крајот на 2024 година, јави ДПА.
Деталите за трансакцијата, корпоративната структура и соодносот на акционерите ќе бидат решени подоцна во правно обврзувачки дефинитивни договори.
Холдинг компанијата нема да биде целосно консолидирана во финансиските извештаи на Дајмлер Трак (Daimler Truck).