Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шкода е еден од најстарите произведувачи на автомобили на светот со производствена дејност основана во 1895 година. Интересен податок за овој автомобилски бренд е тоа што уште од почетокот на производството на своите автомобили експериментирал со погон на струја и алтернативни горива.
Првиот бензинско-електричен хибрид се појавил во 1908 година, кога основачите Вацлав Лорен и Вацлав Клемет се обратиле кај Франтишек Кжижик, човекот што го дизајнирал и извел трамвајскиот систем во Прага, кој сѐ уште функционира.
Кжижик го зел Л&К тип Е протитипот и направил уникатен систем користејќи бензински мотор. Моторот со внатрешно согорување ја создавал струјата, која пак го придвижувала возилото со помош на електромотор. Мора да се истакне дека ова се случувало пред повеќе од еден век, па батериската технологија која овозможува чување на енергијата допрва требало да биде измислена, но и покрај рудиментарната изведба, за инженерите бил многу важен чекор напред.
Триесет години подоцна, во 1938 година, пред почетокот на Втората светска војна, увозот на нафта бил загрозен и Шкода морала да најде начин снабдувањето да продолжи. Затоа направиле електричен камион за пиво кој можел да го доставува производот од фабриката во Плзењ до баровите и рестораните во градот. Имал цела низа батерии со киселина кои можеле да се надополнуваат, а камионот можел да носи до 3 тони пиво. Според архивите на фабриката, камионот доставувал пиво долги години.
Во 1919 година бил направен камион со погон на јаглен, со голема печка одзади, со што докажале дека технологијата функционира, но бидејќи била сметана за прекомплицирана за производство, проектот бил напуштен сѐ до 1930-тите и 1940-тите, кога Шкода се навратила на технологијата.
Инженерите на компанијата успеале да инкорпорираат гасен генератор кој може да конвертира дрво и јаглен во гас кој го придвижувал моторот со внатрешно согорување. Во 1942 година биле произведени неколку прототипи од моделот рапид кои имале интегрирани конвертери поставени на предниот браник.
Во 1992 година беше направена електрична верзија на моделот фаворит. Наречен елтра 151, проектот бил финансиран од шведскиот увозник, кој планирал да го продава низ Европа. Имал 16 шестволтни батерии од 190 ампер часа кои го погонувале електромоторот со 21 коњска сила, а бил зачуван менувачот од обичниот модел, без петтата брзина. Имал радиус од 65-100 километри и максимална брзина од 80 км/ч. Полнењето се вршело преку стандарден домашен приклучок за струја.
По елтра 151 била направена и пикап верзија нарачана од истата швајцарска компанија, која се продавала низ целиот свет. девет од тие автомобили биле вратени во Чешка од страна на поштенската служба и биле користени на различни локации со години.
Силната врска на Шкода со светот на електричните автомобили ќе продолжу следната година, со енјак иВ. Кросоверот со нула штетни емисии е речиси исто толку голем колку кодијакот и ќе се продава во четири верзии, три со погон на задните тркала и една до погон на сите четири тркала и 302 коњски сили, која ќе има два електромори. Се очекува моделот да има радиус со едно полнење од 500 километри.