Камион удри во пешак во Куманово


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Триесет и едногодишно момче од Куманово е тешко повредено откако во него удрило камион.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на улица 13 Ноември кога товарно возило „ТАМ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(53) од Куманово, удрил во пешакот Б.А.(31).

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Куманово, пренесува „Макфакс“.