Камион излетал од пат кај Кучевишка бара, возачот се бори за живот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Четириесет и тригодишен скопјанец се бори за живот по сообраќајна несреќа што ја доживеал вчера кај Кучевишка Бара.

Според информациите на МВР, вчера во 7.10 часот во Скопје на улица Призренска 2 се случила сообраќајна незгода во која камион „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.С. (43) од село Кучевиште излетал од патот. Причините за несреќата засега не се познати.

Повредениот е префрлен во Клинички центар, Скопје каде што му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.