Home Спорт Камерунец му пресуди на Камерун во корист на Швајцарија – воопшто не се израдува на постигнатиот гол (снимка)

Камерунец му пресуди на Камерун во корист на Швајцарија – воопшто не се израдува на постигнатиот гол (снимка)

Швајцарската репрезентација запиша минимална, но значајна победа против Камерун во првиот меч на Мунијалот.

Херој за Швајцарците беше родениот Камерунец, Емболо, кој го постигна единствениот гол на мечот.

Камерун имаше свои шанси во првото полувреме, но не успеа да го свлада расположениот голман Зомер.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи на стартот на вториот дел кога Емболо кој е роден во Камерун го совлада Онана.

Швајцарија после успеа да го зачува резултатот и да се заканува со контранапади, а Сеферовиќ пропушти одлична шанса да зголеми на 2:0.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…