Камерон Дијаз: „Пораат сум во животот откако го напуштив Холивуд“ – еве зошто се откажа од актерката кариера


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


47-годишната бивша холивудска актерска ѕвезда Камерон Дијаз беше гостинка на подкастот на Гвинет Полтроу In goop Health: The Sessions и разговара со актерката за нејзиниот бизнис со вино, за тоа како менталитетот се менува со стареењето, како и влијанието на нејзината кариера врз квалитетот на животот и врските.

„Решив дека сакам нешто поразлично од животот“, рече Дијаз, додавајќи дека работела долго и напорно на правењето филмови. „Не ми остануваше простор за личен живот“, вели таа.

За време на нејзината 20-годишна кариера (1994-2014), Дијаз беше номинирана за четири Златни глобуси. Најпозната е по нејзините улоги во филмови како „Маска“ (1994), ,,Има нешто за Мери” (1998) и ,,Небо од ванила”(2001).

Кога Полтроу ја праша како се чувствува откако ја остави успешната актерска кариера, Дијаз рече дека нашла мир во својата душа. „Конечно се грижам за себе“.

Поранешната актерка изјави дека решила навистина да се фокусира на нејзините односи со семејството и пријателите откако многу години им ја предала контролата на одредени аспекти од нејзиниот живот на другите луѓе.

„Кога снимате филм, тоа е совршен изговор – тие ве поседуваат. Вие сте таму 12 часа на ден со месеци и немате време за ништо друго“, рече таа.

„Актерите се инфантилизирани. Ние сме ставени во позиција каде што сè друго е згрижено“.

Дијаз рече дека никогаш не се чувствувала пријатно во таков живот и дека морала да преземе одговорност по пензионирањето. Таа вели дека одлучила да стане независна и докажала дека може да се грижи за себе како возрасна личност.

Таа откри и колку е „интензивно“ да се биде во центарот на вниманието на јавноста цело време.

Дијаз има објавено две книги, ,,Книга за тело” и ,,Книга за долговечноста”. Пред пет години, таа се омажи за пејачот на рок бендот „Шарлот“, Бенџи Маден. Претходно оваа година, тие ја добија ќерката, Радикс Маден.