Камерите го уловија моментот: Симеоне го кани Мората во Атлетико!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Камерите уловија интересен момент и краток разговор помеѓу Диего Симеоне и Алваро Мората на дербито помеѓу Реал и Атлетико во Лигата на Шампиони.

Симеоне го искористи моментот кога Алваро Мората тргна да се загрева и помина покрај него, па започна разговор со напаѓачот.

Камерите го уловија тој момент и веднаш беше откриено што му рекол аргентинскиот стратег на напаѓачот на „кралевите“.

„Дојди играј за мене во Атлетико”, му рекол Чоло на Мората.

Мората не добива голема минутажа оваа сезона и најверојатно ќе ја промени средината на лето, но медиумите тврдат дека тој веќе го избрал Челзи и ќе се пресели во Премиер лигата.

Сепак, ова е само доказ колку Симеоне ги цени квалитетите на напаѓачот кој е резерва кај Зидан.