Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меланија Трамп јасно и гласно го изрази својот став дека се противи на праксата на раздвојување на мигрантските семејства на границата меѓу САД и Мексико, позиција која е спротивна на официјалниот став на претседателот на САД и нејзин сопруг, Доналд Трамп.
Меланија Трамп се вклучи во дискусијата за раздвојувањето семејства на илегални доселеници. „Госпоѓа Трамп мрази кога децата ги одделуваат од нивните родители и се надева дека двата табора во Конгресот конечно ќе можат да се усогласат околу успешна реформа на доселеничката политика“, изјави портпаролката на Меланија, Стефани Гришам за телевизија CNN.
Американската влада во петокот соопшти дека во рамките на нејзината нова политика на „нулта-толеранција“, само меѓу 19. април и 31. мај од своите родители биле одделени вкупно 1995 деца. Во овој период од мерката биле засегнати 1940 мајки и татковци. Вообичаена пракса е во рамките на кривичната постапка децата да не бидат притворани заедно со своите родители, велат од владата, туку тие се згрижувани во посебни установи или во семејства кои привремено се грижат за нив.
Белата куќа не отстапува од оваа политика, иако и советничката на претседателот Трамп, Келиен Конвеј за NBS призна: „Никој не гледа радо како на мајки им отргнуваат бебиња од рацете.“
Праксата е масовно критикувана од Демократската партија, но и во самата Републиканска партија, која традиционално високо ги цени семејните вредности. Во Претставничкиот дом циркулираат два законски предлози за доселувањето, за кои ќе се гласа веројатно идната недела.