Каменос: Се срамам од ова – Кој нема да гласа во затвор, кој ќе гласа 2 милиони евра!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Засрамен сум што во Европа на вредности ако не гласаш одиш во затвор, ако гласаш добиваш два милиони евра, објави синоќа Панос Каменос, коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, по повод гласањето за уставните измени во Македонија.

Овој него коментар објавен на Твитер следеше откако ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека повеќе пратеници од опозицијата биле под уцена или поткупувани за да гласаат за отпочнување на уставните измени.