Каменос е посилната алка: Според Халили оставката на Коѕиас нема да го загрози Преспанскиот договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екс дипломатот, Мухамед Халили истакна дека оставката на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас не го загрозува во никој случај Преспанскиот договор во рамки на парламентот во Грција. Загрозување на договорот, според Халили, би имало само доколку Каменос би ја напуштил грчката влада, по што според него ќе се распуштете целата влада.

„Тој поднесе оставка поради тоа што сакаше да придонесе за надминување на некои несогласувања со коалицискиот партнер. Затоа што ако ги споредуваш Каменос, кој е мал коалициски партнер, но без кој оваа Влада не може и човекот кој дал голем придонес во изработката на Преспанскиот договор, тогаш најмалата болка е он доброволно да се повлече. На тој начин, ќе создаде простор за премиерот безболно да одлучува за она без кое не се може. Што би било корисно ако Коѕијас останеше, а Каменос ја напуштеше Владата?! Всушност, целиот труд што он го вложил ќе беше залудено. Би било невозможно да се гласа, односно да се ратификува договорот во грчкото Собрание”,изјави, Мухамед Халили, поранешен дипломат, пренесува Алсат М.