Камчев уапсен во рамки на новата истрага на СЈО


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесува Макфакс, меѓу приведените во рамки на истражната постапка на СЈО за случајот „Империја“ е и познатиот бизнисмен Орце Камчев.

Истрагата е поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители, дознава „Макфакс“.

Од Специјалното јавно обвинителство денеска информираа дека по спроведена опсежна предистражна постапка отворена е истрага против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.