Камчев останува во притвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скопска Апелација ја одби поднесената жалба за укинување на мерката притвор од бизмисменот Орце Камчев со што фактички тој останува зад решетки.

Бизнисменот неколку пати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција, но засега и понатаму останува зад решетки во истражниот затвор “Скопје”, во кој влезе пред шест месеци.

Камчев мерката притвор ја доби како обвинет во случајот „Плацевите на Водно“.

За овој случај обвинети се екс премиерот Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра, а со нив си купил таен имот.