Home Актуелно Камчев од Кардиологија повторно вратен во притворското одделение во Шутка

Камчев од Кардиологија повторно вратен во притворското одделение во Шутка

Бизнисменот Орце Камчев од вчера повторно се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“, откако претходно неколку дена помина на Клиниката за кардиологија каде беше задржан заради здравствени проблеми на кои се жалеше во притворското одделение.

-Вчера, во 17 часот, притвореникот е вратен во затворот, во општа добра состојба, потврдил за „Фокус“ дитекторот на затворот Филип Андов.

Камчев беше хоспитализиран на 30 јуни, по барање на бранителите, со образложение дека му се влошила здравствената состојба. Тој се жалел на гушење и болки во градите, поради што бил задржан неколку дена на клиниката.

Бизнисменот веќе три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Тој на 16 јули ќе треба да седне на обвинителна клупа заедно со останатите обвинети во случајот „Плацевите на Водно“, бидејќи за тогаш е закажана главната расправа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…