Камчев и Станисављева си се тргнаа пред најавениот штрајкот: Керим остана сам сопственик на МПМ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со овие крупни промени во сопственичката структура кои доаѓаат непосредно пред најавениот генерален штрајк на вработените, Срѓан Ќерим останува единствен сопственик на МПМ.

Компаниите Орка Холдинг управувана од Јордан Камчев и компанијата Интернет Инвестмент Груп чиј што сопственик е Јана Станисављева, излегоа од сопственичката структура на Графички центар ДОО, долгогодишен сопственик на Македонија Медиа Принт (МПМ), издавач на весниците Дневник, Утрински весник, Вест, Македонски спорт, порталот Телеграф, магазинот Теа модерна.

Според тековните состојби издадени од Централниот регистер на Македонија побарани од НОВА ТВ, на 31 јануари 2017 сопственици на МПМ преку Графички Центар се Орка Холдинг водена од Јордан Камчев, Мирекс Плус во сопственост на Срѓан Ќерим и Интeрнет  Инвестмент Груп, во сопственост на Јана Станисављева, којa претходно ја презема оваа компанија од српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ.

Според последните издадени документи од МПМ, сега сопственици се Мирекс Плус и Телеграф, кој што е сопственост на МПМ или во превод, Камчев и Станисаљева го оставаат Срѓан Керим како единствен сопственик на ова издаваштво. Јана Станисављева останува на позицијата генерален директор на МПМ.

Овие крупни промени во сопственичката структура се случуваат непосредно по најавите за штрајк на вработените во трите дневни весници Дневник, Утрински весник и Вест, поради неисплатени плати и хонорари.