Камчев денес на сведочење за рекет се појави сам – Ана имала температура


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“, како од брачниот пар Камчеви како сведок се појави само Орце Камчев. Ана Камчева дојде на рочиштето на кое требаше и таа да сведочи, наводно поради покачена телесна температура.

Судијката Васка Николовска Масевска го задолжи на следното рочиште, за кога е најавено дека Камчева ќе дојде да сведочи, да донесе и медицинска документација за да го оправда денешното отсуство.

Судот извести дека ѝ била испратена уредна покана за денешното рочиште. Орце насмевнат влезе во судница во улога на сведок. Пред судот застана на пултот за сведоци и се изјасни дека е економист вработен во Систина.

Камчев рече дека не е ниту роднина, ниту скаран со обвинетите и даде заклетва дека ќе ја зборува вистината. Неговото сведочење е во тек.