Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога цената на еден камен се изразува во седумцифрена бројка, тогаш знаете дека не може да станува збор за обично камче.
Големот 709-каратен дијамант пронајден во Сиера Леоне беше продаден на аукција во Њујорк за 6,5 милиони долари.
Претседателот на компанијата Graff Diamonds, Лоренс Граф, беше победник на наддавањето во понеделникот и официјално стана сопственик на реткиот голем дијамант
Половина од сумата од 6,5 милиони долари ќе биде искористена за финансирање на инфраструктурни проекти во малото село каде што беше пронајден дијамантот. Владата на Сиера Леоне на претходно одржана аукција одби 7,8 милиони долари за ова парче дијамант.
Се очекува владата да ги искористи парите за подобрување на условите во селото Корјард, вклучително и снабдувањето со свежа и питка вода, електрична мрежа, лекарска помош и изградба и одржување на училиште.
Претходно понудената сума од 7,8 милиони долари владата на Сиера Леоне сметаше дека е прениска. Се верува дека овој дијамант е 14-ти на листата на најголеми дијаманти на светот. На властите од Сиера Леоне им беше предаден во март, кога беше пронајден од христијанскиот свештеник Емануел Момох.