Камчатка – зимски сурферски предизвик


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сурфање во водите на Тихиот Океан, активни вулкани, плажи од црн песок, снежни планински масиви – сето тоа во едно, одлично спакувано во воздушното видео на Timelab Pro.

Во јануари, 2018 година, во водите од Авачинскиот залив, на југоисточното крајбрежје од полуостровот Камчатка, се одржа возбудливиот натпревар во сурфање – Winter Surf Challenge. Филмската екипа од Timelab Pro не ги искуси зимските бранови крај Камчатка, туку имаше задоволство со камера од воздух да ги овековечи моментите во кои натпреварувачите се бореа со силата на природата.

Дел од снимките се направени ноќе, надвор од програмата на главниот натпреварувачки настан, кој беше временски ограничен поради тоа што брановите не беа цело време добри за сурфање. Температурата на воздухот надвор беше минус 15 степени Целизиусови. Сурферите навечер се обидуваа што поимпресивно да ги јаваат моќните бранови само на светлината од светлата на џиповите.

Освен од натпреварот, видеото содржи и кадри од патувањето на филмската екипа на Камчатка. Ќе видите моменти од ерупцијата на вулканот Клучевскаја Сопка снимени во рани утрински часови, кога вулканската пепел е осветлена од првите сончеви зраци. Ќе ја видите и реката Парантука, која никогаш не замрзнува.

Најниската температура на која снимала филмската екипа била -35 степени Целзиусови.