КАМ вака им „враќа“ на муштериите: Масло да си купиш нема, ти следува гратис само со сметка над 800 денари (А1Он снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


А1Он објави видео направено во еден од маркетите на КАМ каде муштерија прашува дали може да си купи само масло, а вработените му кажуваат дека само масло нема (нема на рафтовите), туку се добива гратис само со сметка од над 800 денари.

Според написите од А1Он, три маркети од КАМ добиле казни од по 12.000 евра плус казни од по 3.600 евра за секое одговорно лице, откако на нивните рафтови немало изложено масло за продажба, а залихите се чувале во магацин за да го даваат само на оние муштерии кои ќе направат сметка над 800 денари, како што беше најавено во нивната акција.