Калкулациите продолжуваат: БЕСА со приговори за да добие уште еден пратеник во „двојка“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Партијата Беса најавува дека во втората изборна единица е многу блиску до добивање на уште еден мандат за што и ќе поднесат приговори.

Разликата меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ, како што објаснуваат од партијата, е околу 200 гласа. Ако Државната изборна комисија ги прифати приговорите, Беса во ИЕ2 ќе има дваца пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ наместо девет – ќе остане на осум пратеника. Со такво евентуално редефинирање на мандатите, ова би се променила и вкупната бројка на освоени мандати на владејачката коалицијата од 51, на 50.

Од Беса најавуваат приговори и за изборната единица број 6, иако таму не очекуваат уште еден мандат.

Разликата во втората изборна единица е само 200 гласа. Се уште правиме анализи бидејќи имаше разлики во бројките на сајтот на ДИК. По изборни единици гласовите се внесен правилно, но бројката во вкупна сума тотал не е точна. Зошто ова се јавува не знаеме. Имаме информациите дека во два записници од едно избирачко место има различни податоци, вели Кастриот Реџепи од Беса.

Приговорите што ќе ги поднесат се однесуваат на групно гласање, гласање за друго лице, притисоци, обиди за бугарски воз, полнење на кутии.

Реџепи вели и дека очекува на некои изборни места да има прегласување. Инаку, рокот за поднесување а приговори до ДИК истекува вечерва.