Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Петиција за најдостоинствен и најдобар можен начин на испраќање на Златко Калински во пензија. Интегралниот мотивирачки текст од петицијата ви го пренесуваме во целост подолу.
Мора да се отиде во пензија, ама мора и тоа да се направи на најдобар можен начин.
Има ли подобар начин за одење во пензија, по 42 години рецитирање поезија, од тоа со својата верна публика да се поздравиш со длабок поклон од највисокото место на пиедесталот, од најголемиот спортски настан во годината, финалето на Лигата на шампионите?
Пред да се закотви во мирните пензионерски денови, најдобриот морнар мора да се соочи со најголемиот предизвик, со бурата од емоции која можат да ја направат само двата страстни клуба од медитеранот, великаните Јувентус и Реал Мадрид.
Фудбалот не е само спорт, тој е и љубов, и поезија, и живот, и тој мора да ја задржи оваа своја романтичност. Затоа, најголемиот романтичар во македонското спортско новинарство мора да се врати на бис и уште еднаш да не закове сите нас за фотелјите и да ни одржи уште еден поздравен говор.
Финалето на лигата на шампионите мора да биде со Калински!
Потпишете ја петицијата со еден клик ТУКА.